Студен ветер

Од:

Ова ќе стане вашиот омилен колач доколку го пробате …

Потребно е:
за пуслиците:
6
 белки
сок од 1/4 лимон
250 гр шеќер
1 лажица шеќер во прав

за кремот од ванила:
400 мл
 млеко
6 лажици брашно
150 гр шеќер
1 полно мало лажиче бурбон ванилин шеќер
прстофат сол
6 жолчки
125 гр путер

studv1

уште:
500 мл
 слатка павлака
1 лажиче нишесте
250-300 гр мешано шумско овошје

Подготовка:
– Белките со миксер изматете ги во густ шлаг со постепено додавање на сок од лимон.

– Додадете го шеќерот во три наврати и матете додека не добиете цврст свиленкасто-сјаен шлаг.

– Големата тава од рерна прекријте ја со хартија за печење. Распоредете го шлагот во тавата на хартијата.

studv2

– Од хартијата за печење исечете друго парче со ширина околу 10 см. Свиткајте го на половина и пресечете го со должина колку малата страна од тавата. Ставете го тоа парче хартија по средината на тавата така да ќе ја поделите пуслицата на два еднакви дела (видете на сликата).

– Едната страна од пуслицата во тавата оставете ја мазна, а другата страна која е всушност горниот дел на колачот со лажица направете ја нерамна (да личи како нерамна површина на вода). Таа страна посипете ја со шеќер во прав.

Печење:

studv3
– Во зависност од тоа каква сакате да биде пуслицата на вкус, можете да ја печете на два начина:

I Ако сакате пуслицата од надвор да биде крцкава и нешто потемна, а внатре пенеста и помека, тогаш печете ја 1 час на 150-160 целзиусови степени. Преградата од хартија отстранете ја внимателно уште додека пуслицата е топла, најубаво со тенок нож.

II Ако сакате посува, посветла и покрцкава пуслица, прво печете ја 15 минути на 150 степени, а потоа смалете ја температурата на 120 степени и печете уште 1 час и 45 минути.

studv4

Подготовка на кремот од ванила:
– Ставете го млекото да се вари.

– Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и солта. Додадете ги жолчките и 100 мл од млекото што се вари и изматете со маталка да добиете хомогена смеса. Овој сад ставете го над друг сад со вода што врие и варете ја смесата на пареа со постојано мешање.

– Кога млекото ќе зоврие додадете го во смесата што ја варите на пареа со постојано мешање. Загревајте го кремот со постојано матење со електричен миксер на најмала брзина додека убаво не се згусне.

– Во врелиот крем изматете го половина од путерот. Поклопете го садот и оставете да стои додека кремот не се излади убаво.

– Пет минути пред да се испече пуслицата, изматете ја слатката павлака во шлаг. Пред шлагот да стане густ во него додадете го нишестето и матете додеке да се згусне.

studv5

– Во изладениот крем додадете го остатокот од путерот и кратко изматете за да се соединат.

– Во кремот додадете 1/3 од шлагот и измешајте полека со дрвена лажица.

– Печената врела пуслица извадете ја од тавата заедно со хартијата за печење. Долната страна на хартијата (на оној дел што ќе ви служи како долен дел на колачот) премачкајте ја полека со четкичка натопена во вода. Така полесно ќе ја одвоите пуслицата од хартијата. Пуслицата сега ставете ја на чинија за сервирање.

– Истото направете го и со вториот дел од пуслицата.

– Сега преминете на филување на пуслицата. Прво премачкајте ја со кремот од ванила. Преку кремот распоредетего овошјето, а потоа распоредете го остатокот од шлагот и измазнете ја површината. Одозгора ставете го горниот дел од пуслицата.

– Готовиот колач ставете го да стои неколку часа во фрижидер пред да го послужите, покриен со пластична фолија, за да пуслицата не ги поприми мирисите од фрижидерот.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска