Рекорден број туристи ја посетиле минатата година британската атракција Стоунхенџ.
Меѓу 1,3 милиони луѓе кои во текот на минатата година го посетиле ова место биле американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон.
– Стоунхенџ останува еден од најважните праисториски споменици во светот и важно туристичко место во Велика Британија, изјави Кејт Дејвис, менаџер на ова место.
Инаку овој месец навршува една година од отварањето на новиот центар за посетители во Стоунхенџ, вреден 27 милиони фунти.