По Крокс влечките за кои многумина имаат мислење дека се нешто најгрдо што се појавило на пазарот на модата, сега се појавија и крокс чизми на кои многумина им го дадоа првото место по невкус.
Сепак чизмите веќе имаат обожаватели меѓу богаташите и познатите, а цената е планирана да биде 120 евра. Имаат сè што вообичаено има овој тип на обувки – каубојски мамузи, шерифска ѕвезда, врвки од имитација на кожа, па дури и имитација на крокодилска кожа, но, секако, и отвори за вентилација за стапалото да не се залепи за гумата.
Први во низата се Ријана, Џастин Бибер и Адам Сендлер. Тие најавија дека едвај го чекаат 23 октомври кога беше најавено дека чизмите ќе излезат во продажба. Сепак, тие добија голем број различни коментари на мрежите. Луѓето не престануваат да се расправаат. Додека едни веруваат дека „треба да се запре бизарната мода и дека некој треба да биде уапсен за такви модели“, алудирајќи на фактот дека чизмите се грозни, други пишуваат дека „би се венчале во чизми на Крокс бидејќи се моќни“.