Стокаратен дијамант продаден за 22,1 милион долари

Од:

Најголемата ѕвезда на аукцијата на скапоцени кампења, одржана вчера во Њујорк, совршениот стокаратен дијамант, достигна цена од вртоглави 22,1 милион долари, соопшти аукциската куќа Сотби.

Дијамантот е ископан во Јужна Африка, а пред почетокот на аукцијата е проценето дека ќе достигне цена меѓу 19 и 25 милиони долари. Нов сопственик стана анонимен купувач, кој во аукцијата учествувал преку телефон.

Раководителот на Одделението за скапоцени кампања на Сотби Гари Шулер изјави дека овој дијамант претставува дефиниција на совршенството.

– Неговата боја е побела од најбелата и нема никакви неправилности. Толку е проѕирен, што може единствено да се спореди со базен со чиста вода, појасни Шулер.

И покрај своето совршенство, овој дијамант не успеа да ги достигне рекордерите во постигнатите цени. Пред две години на аукција во Хонг Конг бел дијамант од 118.28 карати е продаден за 30,6 милиони долари, додека апсолутен рекордер е совршениот розов дијамант, наречен „Розова ѕвезда“, кој во 2013 година во Женева достигна цена од 83,02 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска