Стивен Спилберг претседател на жирито на Филмскиот фестивал во Кан

Од:

Американскиот режисер и продуцент Стивен Спилберг ќе биде претседател на жирито на 66-от Филмски фестивал во Кан.

– За мене е голема чест и привилегија да го претставувам жирито на Фестивалот, кој неуморно покажува дека киното е светски јазик, изјави Спилберг.

Тој ќе го замени италијанскиот режисер Нани Морети, кој минатата година претседаваше со жирито на Канскиот фестивал.

Спилберг има претставено повеќе од своите филмови во минатотот, најчесто надвор од натпреварувачката селекција. Во 1974 година, тој ја доби нагарадата за сценарио за филмот „Sugarland Express“.

Филмскиот фестивал во Кан ќе се одржи од 15 до 26 мај.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата