(ВИДЕО) Стивен Хокинг: Пред Големата Експлозија, немало ништо

Од:

Британскиот научник Стивен Хокинг во интервју за ТВ шоуто „Космос“ говореше за своите теории за тоа што имало пред Големата Експлозија, од којашто според повеќето научници, настанала Вселената.

– Ништо немало пред таа голема, голема експлозија. Според Општата теорија на релативитетот на Ајнштајн, просторот и времето создаваат просторно-временски континуум, или диверзитет, кој не е рамномерен, туку е извиткан од материјата и енергијата во неа, објаснува физичарот во разговорот со Нил Деграс Тајсон, популарен американски астрофизичар и водител на емисијата.

Хокинг, во образложувањето на својата теорија за раѓањето на Вселената, натаму се повикува на Еуклидовата теза за квантната гравитација, којашто го класифицира времето како четврта димензија со свои посебнни својства и променливи.

– Тоа е нешто слично на површината на Земјата, но со уште два параметра. Оваа теза ја опишува временско-просторната променливост преку својствата на сферата како облик – „затворена” површина без почеток и крај. Според оваа аналогија, реалното и замисленото време се една точка за којашто важат вообичаените закони на физиката, додава физичарот.

Така, заклучокот гласи дека како што на земјината топка нема појужна точка од Јужниот Пол, така и пред Големата Експлозија, како почетна точка, немало ништо.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска