Стилот на српската Прва дама ист како на Мишел Обама

Од:

Познатите стилисти го икоментираа стилот на облекување на сопругата на новиот српски претседател Томислав Николиќ. Тие велат дека Драгица Николиќ на инаугурацијата во понеделникот покажала дека ја заслужува улогата на Прва дама беспрекорно и дека во однесувањето многу наликувала на првата дана на САД, Мишел Обама. Со кралскиот син фустан оставила впечаток дека се грижи за секој детал.

Драгица ги поздрави сите гости на церемонијата облечена во едноставен, син фустан кој и ја следеше линијата на телото. Имаше дискретен брош, косата и беше собрана во пунџа и многу наликуваше на фризурите специфични за Џеки Кенеди. Според стилистите, првата дама не направила ниту една грешка, сепак, при изборот за во иднина и препорачуваат малку повеќе храброст.

„Ми се допаѓа како изгледаше. Суптилното деколте на фустанот какво што се носеше во 60-тите години, многу добро и прилегаше на вратот. Ќе беше подобро имаше две нијанси, потемна и посветла, но се на се, имајќи го предвид накитот и фризурата беше супер, рече стилистот Саша Видиќ.

Според Игор Тодоровиќ, стилист и еден од судиите на „шопингохоличарка” изборот на бојата на фустанот е најдоброто решение, затоа што сината боја симболизира мир и безбедност, и има елементи на аристократија.

nikolici

„Сопругата на Николиќ остава впечаток дека таа се грижи за секој детал. Класичен фустан за коктели, дискретен накит, сè беше на место. Сепак, фризурата и беше прилично формална. Слободно можеше да биде со пуштена коса затоа што приемот беше во 17 часот, додаде Тодоровиќ.

Дејан Миличевиќ, фотограф и стилист, мисли дека Драгица направила одличен избор со фустанот.

„Ми се допаѓа како изгледаше. Таа има добра фигура и комбинацијата веше одлична. Сепак, мислам дека претседателот и првата дама треба да работат повеќе како целина додека се појавуваат заедно и гардеробата да им биде усогласена една на друга.

Нашата прва дама треба повеќе да ги користи „Шанел“ и „Диор“ советуваше Миличевиќ.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска