Оглас со наслов „Издавам мал, но убав стан-гаража во центарот на Загреб“ – за „стан“ во гаража, којшто наводно може да се изнајми за 200 евра, го привлече вниманието на многумина…
„Станот“, како што е истакнато, е изграден 2012 година, има 15 квадратни метри, а се најде на порталот „Индекс огласи“. „Шокот“ е во тоа што „станот“ всушност, е тесна соба со еден затворски кревет, без кујна и тоалет.
„Мал стан/соба во центарот на Загреб со удобен кревет и сите потребни работи. Станот има удобен кревет, светилка, електрична енергија и сѐ што Ви треба за добар сон“, се вели во описот.
Наведената цена е 200 евра, па верувале или не, имало и заинтересирани.
„Ми се јавија десетина луѓе“, откри сопственикот Иван, кој на крајот откри дека сакал само да се пошегува.
„Овој оглас го објавив како пародија на вистинските станови кои луѓето ги ставаат на оглас, а коишто не се многу поразлични од оваа лакрдија. Гаражата навистина постои, но во неа не се наоѓа креветот и другите работи, тие се додадени со Фотошоп“, изјави тој.