Сталоне најавува уште едно продолжение на „Рамбо“

Од:

Актерот, режисерот и продуцент Силвестер Сталоне најави дека е можно снимање на уште еден филм од серијалот „Рамбо“.

Сталоне досега во улогата на ветеран од Виетнамската војна се појавуваше четири пати. Последниот филм од серијалот е прикажан во 2008 година.

– Рамбо е една од причините поради кои не заминувам во пензија, Јас тука гледам само човек, кој не може да замине дома. Нему му треба војна и јас таму го гледам како умира, изјави Сталоне во Рим.

Тој додаде дека и можноста за снимање на „Рамбо 5“ зависи од физичките барања за таа улога.
– Доколку моето тело не откаже, тоа може да се оствари. Во спроитивно Рамбо не би се борел против непријателот, туку проти артритисот, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата