Србија од „Егзит“ заработи повеќе од 100 милиони евра

Од:

Српската економија досега од музичкиот фестивал „Егзит“ инкасирала над 100 милиони евра, а во следната деценија ќе генерира уште најмалку толкава сума, соопштија организаторите на „Егзит“.

– Воедно, годишната зарботка на српскиот туристички сектор од музичкиот фестивал во Нови Сад се проценува од 10 до 15 милиони евра, а овие податоци се поклопуваат и со проценките на Владата на Србија, се наведува во извештајот на независната консултантска мкуќа „Booz Allen Hamilton“.

Интересот за овогодишниот фестивал е исклучително голем, а се очекува доаѓање на гости од над 60 држави. Цените на хотелското смествување за време на „Егзит“ двојно се зголемуваат, а заработуваат и сопствениците на приватни станови.

Капијата на Петроварадинска тврдина ќе биде отворена од 9. до 13 јули, а посетителите ќе го прослават 15. роденден на „Егзит“.

Настап на фестивалот потврдија „Motorhead“, „Manu Chao“, „Faithless“, „Hardwell“, „Emeli Sande“, „John Newman“, „Capital Cities“, „Clean Bandit“, „Tom Odell“, „Martin Garrix“, „Tal of Us“, „Adam Beyer“, „Chris Liebing“, „Eagles of Death Metal“, „Fear Factory“, „Zomboy“, „Roni Size Repeazent“, „Napalm Death“, „Octave One“, „Eyesburn“, Душко Гојковиќ, „Хладно Пиво“ и уште 1.000 уметници од цел свет.

Би можело да ве интересира

Маж падна од ѕидините на Петроварадинската тврдина

(ВИДЕО) Македонскиот бенд BDM годинава ќе настапи на EXIT

Последното одбројување започна: EXIT стартува за 10 дена

Егзит се откажува

Ана Ололовска

„Егзит“ во август, со најмалку 20 бини и зона ширум тврдината

Ана Ололовска

Фестивалот Егзит ќе се одржи во август

Ана Ололовска