Кинеска авиокомпанија одлучи да вработува мажени жени со деца како „летечки тетки“, наместо згодни девојки како стјуардеси. „Спринг Ер“, најголем евтин превозник во Кина, сака како стјуардеси да вработи едуцирани жени на возраст меѓу 25 и 45 години.
Авио-компанијата, која новата позиција ја нарекува „летечки тетки“, вели дека во предвид ќе бидат земени кандидатките кои се во брак и имаат деца.
Ова е нов пристап, имајќи предвид дека повеќето авиокомпании во Кина попрво се одлучуваат за убавината, а потоа се способноста, со цел да ги привлечат машките патници.
„Спринг Ер“ имаше ограничување на возраста до 35 години за сите жени кои сакаат да станат стјуардеси, но оваа старосна граница сега е поместена на 45 години, по една анкета во која патниците изјавиле дека повеќе сакаат кога во авионот се наоѓа искусен персонал.