Спомени: Атомските бомби во Невада некогаш привлекуваа туристи во Лас Вегас

Од:

Тестирањетo нуклеарни бомби во Невада во минатотот изроди  сосема нова генерација набљудувачи чии очи од „Градот на гревот“ беа исполнети со искрен страв и одушевување, пишува сајтот „City lab“.

Центарот на Лас Вегас денеска е исполнет со бројни билборди што на туристите им ги прикажуваат светлечките слики што лежерно крстосуваат по улицата „Фримонт“. Меѓутоа, во минатото сосема друг вид светлина блескаше над оваа улица и привлекуваше туристи – светлината од детонацијата на атомската бомба.

За повеќе од четири децениие Министерството за енергетика на САД во пустината во Невада тестираше повеќе од 1.000 нуклеарни уреди. Детонацијата на нуклеарна глава во 1951 година го создаде и прочуениот облак од чад во форма на печурка што можеше да се види од блискиот град на развратот и комарфот.

Во вистинскиот стил на Лас Вегас, градот одлучи да го капитализира овој атомски спектакл. Стопанската комора направи календари што ги рекламираат  времињата на детонациите и најдобрите локации за нивно следење.

Голем број казина почнаа на своите гости да им нудат специјални „атомски коктели“ и забава посветени на нуклеарниот спектакл.

-Најдобрата работа што му се случила во Лас Вегас биле нуклеарните детонации, изјави тогаш еден коцкарски магнат.

Целосниот спектакл бил како ставање божиќни украси врз бункер од нерѓосувачки метал. Во прашање бил период обележен со хоророт во Хирошима, паранојата од радијација и „Црвената опасност“, а Лас Вегас само решил од новонастанатата параноја да направи спектакл – луѓето биле фасцинирани со идејата на откривањето на тајните на атомот.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска