Спиењето под ѕвезди е најновиот хит во Њујорк.
– Сакавме на гостите да им понудиме шанса да доживеат единствено искуство, изјави претставничката на хотелот „АКА Централ Парк“, што се наоѓа во самиот центар на Њујорк.
На седумнаестиот кат од хотелот има тераса од 84 квадратни метри што сега е претворена во спална соба со пет ѕвездички. На гостите од „собата на отворено“ на располагање им се брачен кревет, плазма ТВ, како и голем телескоп за набљудување на ѕвездите во градот што никогаш не спие.
Во цената за ноќевање од 1.995 долари се вклучени и романтична вечера под свеќи, јагоди со шампањ и музика за олабавување, што ја изведува џез гитарист.
Заради временските прилики, оваа луксузно смествување под ведро небо на гостите им е достапно само во текот на летните месеци.