„Спејс икс“ првпат во историјата лансираше веќе рециклирана ракета

Од:

Насмевката на лицето на Илон Маск, директорот на „Спејс икс“, зборуваше повеќе отколку илјадници искажани зборови.

По повеќегодишна напорна работа и повремени неуспеси, компанијата „Спејс икс“ повторно се впиша во историјата со лансирање на веќе користена ракета, што минатата година успешно беше вратена на Земјата.

Лансирањето на „Фалкон 9“, како што беше планирано, почна во 18.27 часот по локално време од Кејп Канаверал, на Флорида. Погонската фаза од ракетата, што веќе беше користена минатата година за да однесе продукти до Меѓународната вселенска станица, совршено функционираше и во орбитата однесе комуникациски сателит.

Директорот и сопственик на компанијата „Спејс икс“, Илон Маск, воодушевено реагираше на успехот, истакнувајќи дека ова е огромен чекор за вселенската индустрија.

-Ово е револуција во вселенските летови. Ни требаа многу години за ова да го постигнеме. Денешниот успех не е само голем ден за „Спејс икс“, туку и за целата вселенска индустрија, рече Илон Маск.

„Спејс икс“, со седиште во Калифорнија, со години ја унапредува технологијата на „повеќекратни“ ракети, односно повторно користење на погонските фази на ракетите, што до сега се фрлаа по една употреба.

Компанијата досега на Земјата успешно врати осум такви ракети, при што пет слетаа во океан, а три на копно. Крајна цел на сето ова е намалување на трошоците на лансирање.

Маск смета дека со дополнително усовршување на овој пристап и неговата поширока употреба трошоците за лансирање на ракетите во вселената ќе бидат намалени за најмалку 30 отсто.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски