Авиокомпанијата Џапен ерлајнс за еден ден ги распродаде картите за ексклузивниот лет наречен „Турнејата Ван Ван“ за патниците кои сакаат да одат на одмор со своите кучиња, а не сакаат да ги остават во багажникот за миленичиња.
Компанијата се одлучи на овој потег по бројните барања на своите патници – нивните миленичиња да бидат до нив за време на летот. Така и се роди идејата за излет од Токио до Окинава, каде ќе бидат и сместени во хотел којшто дозволува присуство на животни.
Во турата е вклучена прошетка низ градот, соба за едно лице и куче, три ноќевања со појадок и вечера и повратна карта.
На летот ќе има и ветеринари, а цената на овој излет е околу 1.150 евра.