Многумина од оние кои веруваат дека крајот на светот навистина ќе се случи на 21 декември 2012 година, масовно букираат соби во хотелите на српската планина Ртањ, бидејќи мислат дека криењето во пирамидата на планината ќе ги спаси.
– Во еден ден повеќе од 500 луѓе се обидоа да резервираат соба, изјави Обрад Блечиќ, управител на еден хотел.
Популарниот британски писател Артур Клар верувал дека на оваа планина се наоѓа пирамида која ја оставиле вонземјани пред повеќе од илјада години, а која емитува силно заштитно поле кое штити од апокалипса. Поради тоа се верува дека Ртањ има мистична моќ.
Според легендата, во подножјето на планината имало дворец во кој живеел волшебник, кој чувал големо богатство. Дворецот веќе го нема, но на негово место има мала капела, која ја уништија ловците на богатство.