Седумаесетгодишната Аксел Деспегелатере од Белгија, веројатно не ни сонувала дека Светското првенство во фудбал ќе и го смени животот.
Откако некој ја фотографирал на трибините, нејзините фотографии вирално се проширија по социјалните мрежи, по што следуваше ангажман од Лореал.
Атрактивната Аксел, облечена во боите на својата земја и „вооружена“ со реквизити навиваше за Белгија, а нејзините фотографии се објавени на Твитер и во весници ширум светот. По елиминацијата на Белгија се врати дома, по што и покрена своја Фејсбук страница, каде има повеќе од 22.600 фанови.
Набрзо потоа, ја контактирала компанијата Лореал и и понудила договор, па Аксел веќе го сними промотивното видео за овој произведувач на козметика.