Совети за зголемување на коефициентот на интелигенција кај децата

Од:

Најновото истражување објавено во списанието „Перспективи на психолошката наука“ (Perspectives on Psychological Science) покажува дека детската интелигенција може да се зголеми со исхраната, со однесувањето на родителите, како и со влијанието на градинката.

Во истражувањето биле опфатени деца до предучилишна возраст.

Коефициентот на интелигенција кај децата може да се зголеми ако за време на бременоста се земаат омега три масни киселини, а исто така му се даваат и на бебињата, како додаток на исхраната. Конзумирањето на производи богати со омега три масни киселини може да доведе до зголемување на коефициентот на интелигенција за 3,5 бодови.

Запишувањето на детето на курсеви во образовната институција доведува до зголемување на коефициентот на интелигенција за седум бодови.

За шест бодови може да се зголеми интелигенцијата кај децата со интерактивно читање, кога родителот го наведува детето да учествува во тој процес. Но, интерактивното читање не влијае врз зголемување на коефициентот на интелигенција кај децата постари од четири години.

Запишувањето на децата во градинка го зголемува коефициентот на интелигенција за четири бодови, а доколку детето таму учи странски јазик интелигенцијата се зголемува за седум бодови.

Истражувањето покажува како комплексноста на околината влијаа на когнитивните способности на децата зголемувајќи го коефициентот на интелигенција.

МИА

Би можело да ве интересира

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on