Овој сладолед, кој се нарекува сорбе, не содржи млечни производи и е идеален за топли денови.
Состојки:
600 гр свежи јагоди
2 дцл вода
1 лажица екстракт од ванила
100 гр шеќер
сок од (половина) лимон
Подготовка:
Изблендирајте ги јагодите. Во сад помешајте ја водата, сокот од лимон, екстрактот од ванила и шеќер се додека шеќерот не се растопи.
Почекајте да се излади мешавината од состојките и додадете ги јагодите. Потоа ставете го во замрзнувач најмалку два часа.
Извадете го замрзнувачот и повторно ставете во блендерот за да се измеша подобро. Ставете го во замрзнувач уште најмалку два часа и може да го послужите.