Сонот на мажите им е поважен од сексот, на жените сепак не

Од:

Долго се верувало дека жените попрво би се откажале од сексот отколку од сонот, но дека и припадниците на посилниот пол повеќе уживаат во спиењето. Дека тоа не е целосно точно тврдат научниците од Јејл. Американските генетичари дошле до овие заклучоци гледајќи ги навиките во спиењето на винските мушички. Експертите веруваат дека мозокот на овие мали инсекти работи на сличен начин како човечкиот кога станува збор за дилемата секс или сон.

Научниците ја гледале мозочната активност на винските мушички во текот на парењето и сонот. Ненаспиените мажјаци не се труделе многу околу додворувањето, додека недостигот на сонот кај женските мушички не влијаело на желбата за секс.

Како што објаснуваат научниците, однесувањето со посилен биолошки нагон ги потиснува сите други нагони. Во случај на мажите, најсилен нагон е тој за сонот, додека кај жените тоа сепак е сексот.

Научниците велат дека женките не можат да си дозволат да пропуштат потенцијално добар мажјак без оглед на тоа колку се уморни.

Иако истражувањето е правено на мушички, научниците веруваат дека резултатот може да се примени и на луѓето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска

Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите

Ана Ололовска

В. Британија: Раст на продажбата на машки секс-кукли

Ана Ололовска

Бакнувањето и сексот како лек

Ана Ололовска