За сите хронери…
Потребно е:
250 гр брашно од хељда
125 гр омекнат путер
2 јајца
2 лажици вода
1 лажиче прашок за пециво
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче бибер
1 лажиче куркума во прав
Подготовка:
– Во еден подлабок сад ставете ги јајцата и водата и изматете ги со маталка. Додадете ги брашното и останатите суви состојки и измешајте. Потоа додадете го омекнатиот путер и убаво измешајте со дрвена лажица. Ќе добиете лепливо тесто
– Тестото префрлете го во кеса за замрзнување и со раце распоредете го во кесата. Така тестото побрзо ќе се излади. Оставете го да стои во фрижидер најмалку 1 час.
– Извадете ја кесата од фрижидер и исечете ја од двете страни. Потоа тестото исечете го на ленти со широчина 1-1,5 см и тотоа секоја лента на половина.
– Работната површина малку посипете ја со брашно и секоја лента обликувајте ја како соленка.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-18 минути.