Солени принцес крофни полнети со пилешка салата

Од:

Идеално предјадење за секој ручек и одлична закуска за домашна забава, седенка …

Потребно е:
за пилешката салата:
250 гр ситно сецкано пилешко месо
2 чешниња лук, ситно сецкани
3 млади кромидчиња, ситно сецкани
1 мала главица црвен кромид, ситно сецкан
сол и свежо мелен бибер, по вкус
2 лажици мајонез
2 лажици кисела павлака
20 гр суви брусници, ситно сецкани
50 гр ореви, тостирани и ситно сецкани ореви
1 лажица свеж магдонос, ситно сецкан

за тестото:
185 гр брашно
115 гр путер
250 мл вода
1/2 лажиче сол
1 лажиче шеќер
4 јајца

Подготовка:
– Прво припремете го филот (пилешката салата) за принцес крофните. Во еден сад ставете ги сите состојки, измешајте убаво и садот ставете го во фрижидер најмалку 1 час.

– Во сад на рингла на помала темература ставете вода и путер. Кога путерот ќе се растопи зголемете ја температурата.

– Измешајте ги брашното, шеќерот и солта.

– Кога водата ќе почне да врие, садот тргнете го од рингла, додадете го брашното и мешајте додека не добиете хомогена смеса која ќе се одвојува од зидовите на садот.

– Оставете го тестото околу 15 минути да се излади и потоа додавајте едно по едно јајце и матете со миксер.

– Тавата обложете ја со хартија за печење. Со лажиче или пак со готварски шприц ставајте од тестото во форма на круг со дијаметар околу 5 см. Помеѓу оставајте простор затоа што ќе нараснат додека се печат.

Солени принцес крофни1

– Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 170 степени и печете уште 10 минути додека не поруменат. Додека се печат немојте да ја отварате рерната затоа што ќе спласнат.

– Печените принцес крофни оставете ги да се изладат, а потоа со рецкав нож пресечете ги на пола по должина и наполнете ги со претходно подготвената пилешка салата.

Солени принцес крофни2

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска