Солени машнички

Од:

Потребно е:
125 гр путер
90 мл маслиново масло
210 гр кисело млеко
1 лажица оцет
1 лажица мелен кориандер
400 гр брашно + за посипување
1/2 кесичка прашок за пециво
1 лажиче сол
1/2 лажиче шеќер
1 јајце
сусам, црно семе – за посипување

Подготовка:
– Прво направете го тестото. Во еден сад на рингла на тивко ставете го путерот и оставете го да се растопи.

– Растопениот путер ставете го во друг сад и додадете ги маслиновото масло, киселото млеко (одвоите 1 лажица) и оцедот.

– Во друг подлабок сад ставете ги брашното, мелениот кориандер, сол, шеќер, прашок за пециво и убаво измешајте. Додадете ја ги белката од јајцето (жолчката ставете ја кај киселото млеко што го тргнавте настрана) и течните состојки. Замесете тесто.

– Од тестото земајте парчиња и од нив обликувајте долгнвести облици како мали змии. Потоа од нив направете машнички како на сликата.

Солени машнички1

– Рерната загрејте ја на 200 целзиусови степени.

– Машничките од тесто наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со изматената белка со 1 лажица кисело млеко. Посипете ги со сусам и црно семе, по желба.

– Ставете ги да се печат, но температурата намалете ја на 150 степени и печете ги додека не добијат убава златно-кафена боја.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска