Одлични мафини кои може да бидат и фин појадок или лесна вечера …
Потребно е:
200 гр брашно
3 јајца
150 мл јогурт или кисела павлака
100 гр маслиново масло или растопен путер
150 гр крупно изрендани тиквички
80 гр смрзнат грашок
3 лажици ситно сецкано свежо нане
120 гр ситно сецкан кашкавал или издробено сирење
1/2 кесичка прашок за пециво
1/2 лажиче сода бикарбона
сол, по вкус
Подготовка:
– Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и сода бикарбоната.
– Тиквичката измијте ја и крупно изрендајте ја заедно со кората.
– Кашкавалот ситно исецкајте го, а ако користит сирење тогаш крупно изрендајте го.
– Листовите нане ситно исецкајте ги.
– Одвоите ги белките од жолчките. Белките убаво изматете ги со прстофат сол.
– Во друг сад изматете ги жолчките, додадете го растопениот и изладен путер (или маслиново масло) и на крај додадете го јогуртот или киселата павлака. Изматете убаво да добиете хомогена смеса.
– Во тоа додадете ја изренданата тиквичка (не ја цедете), замрзнатиот грашок, сецканиот кашкавал или сирење и сецканото нане. Убаво измешајте со шпатула.
– Во оваа смеса сипете 1/3 од брашното и повторно измешајте со шпатула. Сега додадете 1/3 од изматените белки и повторно полека измешајте. Следно сипете ја втората третина од брашното, измешајте и сипете 1/3 од изматените белки. Истото повторете го со преостанатите состојки и убаво измешајте.
– Калапот за мафини намастете го со путер и малку посипете со брашно и сипете од смесата.
– Одозгора премачкајте ги со растопен путер и ставете да се печат во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 30-35 минути.