Солени мафини без брашно готови за 10 минути

Од:

Овие солени мафини ќе ги подготвите многу брзо и лесно, а вкусот е фантастичен …

Потребно е:
4 јајца
2 белки
зеленчук по желба или шунка
сол, бибер

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.

– Зеленчукот (кој и да сте го одбрале) ситно исецкајте го на коцкички. Ако користите шунка и неа ситно исецкајте ја.

– Калапите за мафини намастете ги  убаво со путер или масло. Ставете од сецканиот зеленчук или шунка во сите отвори за мафини.

– Во еден сад ставете ги целите јајца и белките и изматете ги убаво. Зачинете ги со сол и бибер  по вкус.

– Од изматените јајца сипете врз зеленчукот во калапот но внимавајте некојте да ги преполнувате, туку наполнете ги малку повеќе од половина.

– Ставете да се  печат во загреана рерна 10-15 минути, додека да добијат убава румена боја.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска