Преубави декоративни коцки, украс за секоја маса … Идеални за забави, родендени, празници …
Потребно е:
за кората од спанаќ:
4 јајца
4 лажици брашно
300 гр спанаќ
100 мл кисела павлака
1 прашок за пециво
сол
за филот:
500 гр кравјо сирење
3 лажици ајвар
1/2 лажиче лук во прав
останато:
3 палачинки
150 гр шунка
150 гр кашкавал (гауда, ајдамер)
Подготовка:
– Прво подгответе ја зелената кора. Одвоите ги белките од жолчките. Белките изматете ги во цврст шлаг.
– Спанаќот обарете го неколку минути во врела вода. Исцедете го и ситно исецкајте го.
– Посебно изматете ги жолчките и додадете ги спанаќот, брашното, прашокот за пециво, павлаката и сол по вкус.
– Сега со внимателно мешање со дрвена лажица споите ги двете смеси.
– Горната смеса истурете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна додека не порумени.
– Додека се пече кората преминете на подготовка на филот. Кравјото сирење измешајте го со ајварот и лукот во прав.
– Направете палачинки на вообичаен начин. На палачинките наредете по 3 листови шунка, изрендајте од кашкавалот и свиткајте ги.
– Од печената кора извадете ја внимателно хартијата за печење и пресечете ја на пола.
– Половина од кората ставете на чинија. На кората премачкате половина од филот и наредете ги трите палачинки една до друга со мало растојание меѓу нив.
– Преку палачинките нанесете го остатокот од филот. Одозгора прекријте со втората кора и благо притиснете. Ставете го во фрижидер да се стегне.
– Украсете по желба со мајонез и рендан кашкавал или пак може да оставите малку од филот за украсување.
– Се служи изладено.