Солена торта со тиквички

Од:

Рецептот е одличен, а резултатот е вкусен и неверојатно декоративен …

Потребно е:
1 главица стар кромид или 5 страка млад
600 гр тиквички (2 средни)
5 јајца
230 гр кисело млеко
200 гр сирење
200 гр моцарела сирење
150 гр брашно
115 мл масло
2 лажичиња прашок за пециво
1 лажиче мелена црвена пиперка
сол, бибер
1 китка копар
10-12 исечени кругови од тиквичка за покривање на тортата
чери домати исечени на половинки, за украсување

Подготовка:
– Тиквичките измијте ги и исечете ги на тркалца.

– Кромидот исечете го на резанки. Во една тава на 1/3 од маслото со малку вода динстајте го кромидот.

– Додадете ги и тиквичките и динстајте ги додека да омекнат. Ако остане доста течност исцедете ги во цедалка. Оставете ги да се изладат.

– Изматете ги јајцата со вилушка и додадете го издробеното сирење и киселото млеко. Измешајте убаво.

– Во еден сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво. Потоа додадете ги изладената смеса со тиквички и преостанатото масло, сецканиот копар, мелената црвена пиперка, бибер и сол по вкус. Измешајте убаво.

– Подготвената смеса сипете ја во округла тава со страна која се вади (дијаметар од 23 см) обложена со хартија за печење. Кругчињата тиквички наредете ги од горе.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути.

– Извадете ја тавата од рерна и на секоја тиквича ставете половинки од чери доматите завртени со средината кон доле и вратете ја тавата во рерна да се допече уште 10-тина минути.

– Печената солена торта оставете ја да се излади. Извадете ја страната на калапот, ставете ја на чинија за сервирање, исечете ја на перчиња и сервирајте.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска