Идеја за нешто брзо и вкусно …
Потребно е:
2 јајца
400 мл млеко
50 гр путер
30 гр брашно
2 триаголници топливо сирење
сол, бибер
100 гр шунка или суво месо
5-6 чери домати
3-4 млади кромидчиња
8 кришки интегрален тост
лебни трошки
маслиново масло
Подготовка:
– Испечете ги кришките тост леб во тава на рингла да поруменат. Наредете 4 кришки на дното на тава за печење (24х24 см) обложена со хартија за печење.
– Растопете го путерот, додадете го брашното и кратко пропржете.
– Потоа полека сипете го млекото со постојано мешање.
– Кога ќе се згусне смесата додадете го топливото сирење, убаво измешајте и дададете ги јајцата. Посипете со сол и бибер.
– Кришките леб во тавата премачкајте ги со 4 лажици од филот. Над филот распоредете сенцка шунка, чери домати и сецкан млад кромид.
– Преку прелијте повторно со 4 лажици од филот. повторно наредете 4 кришки леб и прелијте со остатокот од филот.
– Испрскајте со малку маслиново масло, посипете со презли и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
– Оставете да се излади, а потоа исечете ја на парчиња и послужете.