Подгответе го овој вкусен ручек и уживајте …
Потребно е:
250 гр рикота сирење
1 јајце
500 гр макарони
маслиново масло
100 гр пармезан, изрендан
сос од домати (салса од домати)
малку сол
моцарела сирење
Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги рикота сирењето и јајцето.
– Во сад на рингла ставете вода да врие. Сварете ги тестенините ал денте (да не бидат сосема сварени).
– Исцедете ги, полијте ги со маслиново масло и посипете со пармезан (малку од пармезанот оставете за посипување). Измешајте внимателно да не ги искршите макароните.
– Земете калап за торта со страна која се вади. Наредете ги макароните како на сликата.
– Одозгора премачкајте ги со смесата со рикота и јајце.
– Над смесата нанесете подебел слој сос од домати. На крај посипете со прстофат сол.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути.
– Тортата од макарони извадете ја од рерна и посипете ја со пармезан. Одозгора наредете парчиња моцарела.
– Повторно вратете ја во загреаната рерна да се допече уште 15 минути.
– Извадете го калапот од рерна и со остар нож поминете по страните да ја одлепите тортата од калапот. Внимателно извадете ја страната на калапот.
– Пред да ја исечете на парчиња оставете ја да си излади.