Вкусна пита со префинет вкус …
Потребно е:
за филот:
500 гр свежа блитва
2 јајца
100 гр фета сирење
1 тиквичка
80 гр шунка
200 мл кисела павлака
1 лажиче сол
листови свеж магдонос
малку оригано
малку власец
80 гр гауда кашкавал
6 чери домати
за тестото:
100 гр бело пченично брашно
100 гр ‘ржано брашно
1 прашок за пециво
прстофат сол
1 јајце
1 лажица кисела павлака
100 гр ладен путер
6 лажици ладна вода
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги двата вида брашно и сите останати состојки за тестото. Замесете тесто, но не многу долго за да не се растопи путерот. Обликувајте го како диск, завиткајте го во пластична фолија и оставете го во фрижидер околу 1 час.
– За тоа време измијте ја убаво блитвата, исцедете ја и ситно исецкајте ги зелените делови.
– Тиквичката излупете ја и ситно изрендајте ја. Шунката исечете ја на коцкички.
– Во еден сад со вилушка изматете ги јајцата и сирењето, киселата павлака и солта и потоа додадете ги исецканата блитва, изренданата тиквичка и зачините.
– Тестото извадете го од фрижидер и со сукало истенчете го на хартија за печење. Избоцкајте го на повеќе места со вилушка и заедно со хартијата префрлете го во калап за печење со дијаметар од 26 см.
– Ставете да се пече во загреана рерна 180 целзиусови степени. Кога тестото ќе се зарумени извадете го од рерна и по него посипете ја сецканата шунка и распоредете го филот од зеленчук. Повторно вратете го во рерна и печете го уште 20-тина минути.
– Питата извадете ја од рерна. Чери доматите исечете ги на тркалца, наредете ги на питата и посипете со изренданиот гауда кашкавал. Повторно вратете ја питата во рерна и оставете ја додека да се растопи кашкавалот и да добие убава златно-кафена боја.