Солена лисната пита со сланина

Од:

Највкусната лисната пита што сте ја пробале ….

Потребно:
1 пакување смрзнато лиснато тесто

за филот:
150 г месната чадена сланина
1 праз
10 млади кромидчиња
200 г младо кравјо сирење
100 мл помасна кисела павлака
1 жолчка од јајце
1 лажиче оцет
1 китка власец
1 китка магдонос
маслиново масло
сол, бибер

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 210 целзиусови степени.

– Оставете го лиснатото тесто да се одмрзне на собна температура.

– Исецкајте го ситно белиот дел на празот и белиот дел на младите кромидчиња.

– На малку маслиново масло испржете ја сланината исецкана на коцки 7-8 минути.

– Извадете ја сланината и на истото масло испрчете го празот и по неколку минути додадете го и кромидот и уште малку заедно пропржете ги. Сипете малку вода, покријте со капак и динстајте ги на тивко уште 10 минути.

– Тавата за печење прекријте ја со алуминиумска фолија која малку ќе ја навлажните. На фолијата ставете го тестото жии краеви ќе ги подигнете нагоре. Со нож исечете ги краевите да не излегуваат надвор од тавата.

– Тестото избоцкајте го со вилушка и ставете да се пече 20 минути.

– Сирењето исцедете го и во него додадете ја павлаката, додадете сол и бибер по вкус. Ова ставете го над испеченото тесто.

– Над сирењето нанесете го кромидот и празот и посипете со коцките испржена сланина.

– Рабовите на питата премачкајте ги со изматена жолчка.

– Тавата вратете ја во рерна да се допече уште 7-8 минути.

– Готовата пита посипете ја сецкан власец.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска