Солена бајадера

Од:

Декоративна закуска …

Потребно е:
500 гр пилешко бело месо
300 гр шунка
300 гр кашкавал
200 гр маринирани шампињони
5 јајца
200 мл кисела павлака
1 лажица масло
2 лажици брашно
10 гр прашок за пециво
мелен сув зачин

Подготовка:
– Месото посебно сварете го во солена вода, исцедете го од течноста, оставете го да се излади и ситно исецкајте го.

– Шунката исечете ја на стапчиња, кашкавалот изрендајте го на крупно ренде, шампињоните исецкајте ги на листови.

– Тавата за печење со димензии 30х20 см намастете ја и посипете ја со брашно.

– Исецканото пилешко месо рамномерно распоредете го на дното на тавата. Посипете со шампињони и одозгора распоредете ја шунката. На крај ставете го изренданиот кашкавал.

– Изматете ги јајцата со павлаката, додадете 1 лажица брашно, прашок за пециво и мелен сув зачин, по вкус. Изматената смеса прелијте ја преку содржината во тавата. Тавата покријте ја со алуминиумска фолија.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути. Тргне те ја фолијата и оставете да се допече уште 15-тина минути.

– Печената солена бајдадера оставете ја убаво да се излади, најубаво во фрижидер, а потоа исечете ја на коцки и послужете ја.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска