Софија најевтин, Осло најскап град за туристите

Од:

Софија е најевтин град за странските посетители, се наведува во ранкингот на водечкиот американски туристички сајт TripAdvisor, соопшти канадскиот сајт canoe.ca.

Критериумот за утврдување на вредноста на понудата се однесува на ноќевање за двајца во хотел со четири ѕвезди, коктели, вечера и возење со такси на доаѓање и заминување на растојание од четири милји (6,4 километри).

Ова задоволство во Осло чини 581 долари, што е најскапиот град во ранкингот на ТрипИндекс, додека во Софија сумата е приближно четири пати пониска и изнесува само 158 долари.

Европа се издвојува како најскап континент во годинешната летна сезона со шест града од првите 10 во класификацијата на најскапи дестинации: Осло, Цирих, Стокхолм, Париз, Лондон и Копенхаген.

Според целосната класификација на ТрипИндекс десетте најевтини градови според гореспоменатите критериуми се:1. Софија – 158 долари, 2. Ханој, Виетнам – 176 долари, 3. Варшава – 187 долари, 4. Шарм ел Шејк, Египет – 191 долари, 5. Будимпешта – 193 долари, 06. Банкок, Тајланд – 201 долари, 7. Куала Лумпур, Малезија – 218 долари, 8. Тунис – 219 долари, 9. Кејптаун, Јужна Африка – 219 долари, 10. Ријад, Саудиска Арабија- 225 долари.

Десетте најскапи дестинации според овој критериум, пак, се: 1. Осло – 581 долари, 2. Цирих- 523 долари, 3. Стокхолм – 522 долари, 4. Њујорк – 516 долари, 5. Париз – 511 долари, 6. Сиднеј, Австралија – 460 долари, 7. Лондон – 451 долари, 8. Копенхаген – 444 долари, 9. Канкун, Мексико – 441 долари, 10. Пунта Кана, Доминиканска република.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска