Социјалните мрежи ги открија фаворитите на Евросонг

Од:

Турција е фаворит на Фејсбук, твитерџиите најмногу ја споделувале ирската нумера, додека на јутјуб најмногу прегледи има Русија.

За Турција настапува ди-џејот и продуцент Кан Бономо. По лансирањето на неговиот албум првенец, ова момче стана вистински хит во Турција. Неговата Love Me Back стана вистински хит на социјалната мрежа Facebook.

Ирците пак на годинешниот Евросонг ги претставува двоецот именуван како Џедвард. Близнаците Џон и Едвард Гримс кои се прославија со настапот на Икс фактор, настапуваат со песната Waterline.

На Youtubе сепак апсолутен хит се симпатичните бабички, или Бабушки, кои оваа година ја претставуваат Русија. Бабичките кои во традиционални руски носии повикуваат на забава за сите ги рушат рекордите на гледаност на Youtubе.

Дали социјалните мрежи оваа година точно ќе го предвидат троецот кои ќе атакува на победа, ќе се открие в сабота кога е големото евровизиско финале. Вечерва е првата полуфинална вечер. Македонија со нашиот претстваник Калиопи, заедно со поглемиот број балкански држави за влез во финалето ќе се бори в четврток.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија