Социјалистички „вселенски брод“ во Бугарија

Од:

Бузлуџа, необичен споменик од времето на социјализмот во Бугарија, кој денес е запуштен, се уште е приказ на импозантниот дух на старите времиња. 

Над целиот простор блеска прозорец во форма на црвена ѕвезда, во чест на советска Русија.

Декорот бил раскошен, мешавина од мермер и стакло, вклучувајќи и 500 метри квадратни мозаик во величенствената сала, со кој биле прикажани бугарски и советски комунистички теми.

Бузлуџа е најголем идеолошки споменик на комунизмот во Бугарија. Го проектирал архитектот Георги Стоилов, а во изградбата, што траела седум години, биле вклучени повеќе од шест илјади работници. На ентериерот 18 месеци работеле 20 водечки бугарски уметници.

Универзално очекуваната донација од секој граѓанин во земјата собра поголем дел од средствата, потребни за изградба на оваа имресивна структура, која конечно е отворена во 1981 година, на 1.300-та година од основањето на бугарската држава.

По падот на комунизмот Бузлуџа е напуштена и стана цел на вандалски напади. Повеќето уметнички дела се отстранети или уништени, но и натаму стои бетонската конструкција.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска