Интересна идеја за денешниот ручек …
Потребно е:
околу 800 г јунешко шницли
200 мл бело вино
1 коцка за говетска супа растворена во 300 мл врела вода
200 мл слатка павлака
3-4 лажици ситно сецкан свеж магдонос
5-6 чешниња лук, ситно сецкани
сол, бибер
масло, за пржење
2 јајца
брашно
лебни трошки
Подготовка:
– Шницлите малку истолчете ги со дрвен чук. Посипете ги со сол и бибер и увалкајте ги прво во брашно, па во изматени јајца и на крај во лебни трошки. Ставете ги да се пржат во врело масло по неколку минути од двете страни.
– Во намастен огноотпорен сад за печење наредете еден ред шницли, одозгора полијте со вино и супа, посипете со сецкан магдонос и сецкано лукче. Одозгора наредете ги преостанатите шницли и повторете ја постапката.
– Садот покријте го со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути. Потоа тргнете ја фолијата, прелијте ги шницлите со слатката павлака и допечете ги уште 10-тина минути.
– Како прилог со овие превкусни сочни шницли може да сервирате сварен ориз или пак компири, потоа њоки или некој обарен зеленчук.
Напомена: Додека се печат шницлите не треба да се покриени сосема до горе со течност.