Подгответе го овој сладок, сочен и кремаст десерт и уживајте…
Потребно е:
100 г ореви
250 г моркови
150 г ананас од компот
250 г шеќер
3 јајца
100 мл масло
2 кесички ванилин шеќер
250 г брашно
1 кесичка прашок за пециво
1/2 лажиче сол
1 лажиче цимет во прав
80 г кокосово брашно
за премачкување:
100 гр чоколаден крем (Нутела, Меренда …)
2-3 лажици брашно од кокос
Подготовка:
– Морковите изрендајте ги, а ананасот и оревите исецкајте ги.
– Брашното измешајте го со прашокот за пециво, солтта, брашното од кокос и циметот.
– Во друг сад пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадате ги маслото, морковите и ананасот. На крај додадете ги и смесата со брашно и оревите. Измешајте убаво за да добиете хомогена смеса.
– Подготвената смеса сипете ја во долгнавеста намастена тава (со димензии 10х30 см).
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 45-50 минути.
– Печениот колач оставете го да се излади, премачкајте го со чоколаден крем, посипете со брашно од кокос, исечете го и послужете.