Со секој клик на компјутерското „глувче“ губиме 1,42 калории

Од:

Нема залуден напор, тврди еден јапонски истражувач кој откри дека и со помош на компјутерското „глувче“ можеме да ослабеме.

Во книгата „Претворете се во калории“ (Convert Anything to Calories), која неодамна е објавена во Јапонија, тој наведува дека со секој клик на глувчето губиме 1,42 калории.

Овој резултат го добил врз основа на просечната величина и тежина на показалецот и силата потребна тој да се придвижи.

Тој пресметал дека во просек трошиме 16,7 микромоли АТП (Аденозин трифосфат, молекул кој транспортира енергија во клетките) за да ја придвижиме грам мускули во секунда. Со оглед дека збирот на мускули потребни да се свитка показалецот изнесува 11,7 грама, при кликањето на „глувчето“ трошиме 195 микромоли АТП или 1,42 калории (еден мол АТП содржи 7,3 калории).

Значи, ако доволно енергично кликате, масниот хамбургер кој пред малку сте го изеле, ќе го согорите со 350.000 притискања на глувчето.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска