На секој му треба малку повеќе место во авион. Некои дополнително плаќаат за да седат покрај излезот, но некои можат да добијат повеќе простор и тоа со едноставно притискање на „тајно“ копче.
Станува збор за седишта покрај преминот, каде можат да се спуштат потпирачите за раце со притискање на копче. Тоа ви дава повеќе простор за движење.
Додека голем број превозници ги намалуваат седиштата, особено на кратки летови, просторот за нозете останува резервиран за патувања во високата класа.
Затоа секое зголемување на просторот за маневрирање во економската класа е повеќе отколку добродојдено.