Со пожртвуваност и упорност до загарантиран успех!

Од:

Да се биде избран за најдобар студент на генерацијата не е воопшто лесно, а сите оние кои досега ја имале таа чест, ќе се согласат дека тоa е едно од најубавите признанија за секој млад човек и поттик за понатамошни успеси.

Вистинско задоволство е да се видат млади луѓе кои препознаваат дека единствената сигурна инвестиција е вложувањето во сопственото знаење и образование, кое подоцна резултира со успешна и богата професионална кариера.

Првенците на генерација, не само што се најдобри во однос на оценувањето, што се гледа од резултатите, туку со оваа „титула“ се оценува нивната енергија, квалитет, трудољубивост и слобода да го создадат патот на својата иднина.

Американскиот универзитет на Европа – ФОН, како прва приватна високообразовна институција во државата, секоја година им изразува почит на најдобрите студенти- првенци кои постигнале врвни резултати во својата едукација, доделувајќи им признанија како поттик за понатамошни успеси.

Годинава за првенци на генерација на АУЕ – ФОН беа прогласени: Лилјана Илиоска, студент на прв циклус студии на Факултетот за архитектура, Зорица Стефановска студент на втор циклус студии Факултетот за информатика, Марија Тодосова студент на прв циклус студии на Факултетот за детективи и безбедност, Стевица Ѓорѓевски студент на прв циклус студии на Факултетот за дизајн и мултимедија, потоа Ана Секулоска, студент на прв циклус студии на Факултетот за економски науки, Марија Трипуноска студент на втор циклус студии на Факултетот за правни и политички науки, Сара Димовска студент на прв циклус студии на Факултетот за спортски менаџмент и Ферихан Џафероска, студент на прв циклус студии на Факултетот за странски јазици.

Зошто АУЕ – ФОН треба да биде избор на секоја млада и амбициозна личност, потврдуваат студентите – првенци кои едногласно велат дека успехот што го постигнале е резултат на добрата организација, посветеност и дека учењето не ги спречило да најдат време за сѐ – за социјален и креативен придонес. Се разбира, нивниот успех е успех и на универзитетот, односно на академскиот кадар, којшто несебично се вложува да им го пренесе своето знаење кое на студентите ќе им отвори нови перспективи во животот.

Со двете клучни алатки талент и посветена работа, нивниот понатамошен успех на професионално поле со сигурност е загарантиран и претставува рефлексија на резултатот којшто ќе го постигнат во приватниот, но и во професионалниот живот, докажувајќи дека ништо не треба да се остави на случајноста, туку секојдневно треба да се создаваат и прифаќаат сите нови можности и предизвици.

ПР текст

Би можело да ве интересира

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Професор Емеритус Нано Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

Катерина Ѓуровски

Со 84 рози и 12 бели гулаби АУЕ – ФОН ја одбележа годишнината од смртта на основоположникот на модерната турска држава, Кемал Ататурк

Ана Ололовска