„Снежното кралство“ (Frozen), анимираниот хит на Дизни од 2013 година се стекна со титулата на шести филм со најголема заработувачка во историјата на бокс офисот.
Анимацијата темелена на приказната на Ханс Кристијан Андерсон „Снежната кралица“, го надмина авантуристичкиот спектакл „Transformers: Dark of the Moon“, и досега ширум светот заработи 1,13 милијарди долари.
Снеѓното кралство во текот на минатата година беше втор долгометражен со најголема заработувачка после Дизниевиот трет дел на Ајрон Мен, кој моментално е на петто место на листата на најпрофитабилни филмови во историјата. Трето место го зазема мегауспешната адаптација на Марвеловиот стрип Одмазници (Avengers).