Во САД сакаат да го укинат Творот Пепе, го промовирал сексуалното вознемирување

Од:

Еден од најдолговечните цртани ликови на продукциската куќа Ворнер Брос, Творот Пепе (Pepé Le Pew) може да биде укинат, откако влијателен американски новинар го обвини за промовирање на предаторско однесување и релативизација на сексуалното вознемирување.

Во текст во угледниот „Њујорк Тајмс“, колумнистот Чарлс Блоу поставува теза дека овој, но и други ликови од серијалот на Ворнер „Looney Tunes“, се остатоци од некои поинакви времиња, кои не припаѓаат во 21 век.

Творот Пепе, кој во анимираниот серијал е претставен како „француски љубовник“, е постојано во борба да ја освои мачката Пенелопа, кон која има симпатии, а таа во секоја епизода ги одбива агресивните додворувања од кои Пепе никогаш не се откажува. Ова, според Блоу, значи дека ликот го поддржува наративот на силувањето и сексуалното вознемирување, во програми чија целна публика се децата.

Дел од коментаторите на текстот на Блоу во САД го критикуваат колумнистот дека го поттикнува бранот на ткн. „култура на откажување“, во која уметничките дела се вреднуваат според моралната исправност на нивните автори. Исто така, доколку авторите или нивните дела се спротивни на денешните норми на политичка коректност во западните општества, оваа „култура“ (cancel culture) повикува на укинување на уметникот и неговите дела од јавниот простор, велат нејзините противници.

Ворнер Брос не излезе со официјално соопштение по повод критиките, но познавачите велат дека во актуелниот амбиент, не би било изненадување доколку продукциската куќа одлучи да се откаже од својот цртан јунак, кој е првпат прикажан во 1945 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски