ВИДЕО: Кристијан Голубовиќ стана лик во цртан филм

Од:

Некогашниот српски криминалец и сегашна ѕвезда на риалити-програмите, Кристијан Голубовиќ, доби цртан филм според својот лик, а авторот, кој анимациите ги објавува на Јутјуб, всушност го исмева начинот на кој Голубовиќ раскажува случки од неговиот живот.

Духовитите анимации, кои ги објавува каналот „Илустранко“ на Јутјуб, се всушност илустрации на бројните анегдоти на Голубовиќ од годините кога тој беше дел од српското подземје, во кои тој се претставува себеси во најдобро светло.

Кристијан Голубовиќ е дел од „старата гарда“ на српските криминалци, деновиве е актуелен како учесник во риалити-шоуто „Задруга,“ а учествуваше и во повеќе други слични емисии. Тој е двапати осудуван за продажба на дрога и има одлежано по четири години затвор во два наврати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска објави цртан филм во кој ги исмева Русите

Критики за расизмот кон Френклин од „Чарли Браун“

Ана Ололовска

Промовирани „Стела и Сани“, првите македонски 3д анимирани карактери

Ана Ололовска

Најавено претпродолжение на „Сунѓерот Боб“

Ана Ололовска

Кина: Прасето Пепа прогласена за гангстерски симбол

Ана Ололовска

Објавен оригиналниот крај на „Снежното кралство“: Елса требало да биде негативец

Ана Ололовска