Снежниот град во Маврово ќе се гради следната недела

Од:

Ученици од основните училишта од Скопје и други градови низ државата од 11 до 28 овој месец ќе учествуваат во традиционалните детски манифестации „Снежен град“ и Снежен карван“ во Маврово.

Детскиот културен центар „Карпош“ информира дека Снежниот град ќе се гради од 11 до 16 февруари, а потоа ќе биде отворен за посетителите, со што ќе почне вториот дел од манифестацијата „Снежен караван“.

Учениците ќе бидат во екипи од по десетина деца со свој ментор.

Во рамки на манифестацијата се одржуваат и други активности од креативно-рекреативен карактер како „Снежната квизотека“, избор на Снежна убавица, Снежен крос, Најсладка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и забава за учесниците на „Снежниот град“.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска