Смартфон со сензор за земјотрес спасува живот

Од:

Истражувачи од Универзитетот Беркли во Калифорнија и компанијата Дојче Телеком развија нова апликација која користи сензор при движењето на смартфонот за регистрирање на земјотрес, со цел за потенцијално спасување на човечки животи.

Апликацијата, под името „Мy Shake‟ го бележи времето и амплитудата на тресењето на тлото и праќа податоци и за локацијата на смартфонот на Берклиевата сеизмолошка лабораторија на анализи, известува агенцијата Блумберг.

Колку повеќе луѓе ќе ја користат апликацијата, толку системот ќе работи подобро. Целта е да се создаде глобална сеизмичка мрежа, т.е. колективен сеизмограф кој ќе ги предупредува корисниците однапред за потрес кој стигнува поради земјотрес на оддалечена дестинација.

„Во многу земји во развој кои се подложни на земјотреси, како што се Непал или Перу, „Мy Shake‟ може да ги предупреди потенцијално загрозените луѓе барем неколку драгоцени секунди порано и во најдобар случај да им ги спаси животите – соопштуваат од Дојче телеком.
„Овие земји моментално поседуваат или само раштркана сеизмичка мрежа на земјата или систем за рано предупредување, или немаат ништо од тоа, но имаат милиони корисници на паметни телефони‟ – се наведува во соопштението на Дојче телеком.

Иако сензорот за движење на телефонот, или брзинометарот, не е толку чувствителен како сеизмографските уреди на земјата, тој може да бележи потреси со магнитуда над 5 степени на длабочина до 10 километри, така на распространетиот број на потенцијалните корисници на апликацијата би им го надоместил помалата чувствителност на еден телефон.

Се проценува дека само во Калифорнија има 16 милиони корисници на паметни телефони и околу 1,0 милијарди во светот. „Мy Shake‟ може бесплатно да се симне од Гугл Плеј, а во план е и да се најде во понуда на АјФон App, наведоа од Дојче телеком, а пренесе „Блумберг‟.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска