Службеник на британската Кралската гарда снимен како „шмрка“ дрога

Од:

Министерството за одбрана на Велика Бритнаија покрена истрага откако еден службеник на Кралската гарда е снимен како „шмрка“ дрога на церемонијален меч додека тој бил на должност во палатата Сент Џејмс.

Мајорот Џејмс Колби е снимен како наводно шмрка дрога минатиот понеделник. Видеото го снимил поручникот Чарлс Меклин, кој по грешка го поставил на сервис за пораки за персоналот.

Колби е ветеран кој бил во мисии во Авганистан и Ирак и е главен командир на 15 чувари во една смена.

– Ова однесување е загрижувачко и срамно за британската војска, рече полковникот Ричард Кемп.

Утврдено е дека службениците пред ова видео и пиеле, но тоа не е забрането.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он