Словенечкиот пилот и фотограф Матевж Ленарчиќ, денес се врати во Словенија со своето ултра лесно летало „Пипистрел“, откако го направи подвигот и со него го прелета Северниот пол.
Авионот со кој леташе е долг само 6,5 метри, а распонот на неговите крила е 10, 7 метри, додека празен тежи околу 290 килограми.
Леталото достигнува максимална брзина од 300 километри на час.
Ленарчич по враќањето изјави дека во тек на летот имал неколку проблеми кои што не ги очекувал и дека поради тоа летот траел нешто подолго отколку планираното.
За време на летот над Северниот пол се движел со брзина од 100 километри на час и потрошил шест литри гориво.
Неговиот лет започнал од Љубљана до Тромс, преку Свалбард и Арктик до Канада, од каде што преку Ирска и Франција се вратил дома.
Елена Георгиевска