Сликата на Ван Гог во Њујорк продадена за 66 милиони долари

Од:

Делото на познатиот холандски сликар Винсент Ван Гог под наслов „L’Alee des Alyscamps“, на аукција во Њујорк продадена е за 66 милиони и 300 илјади долари, јави Анадолија.

Во аукциската куќа Сотеби во Њујрок изложени се голем број дела на сликари од времето на модернизмот и импресионизмот, а продадени се повеќе од нив во вредност 368 милиони и 300 илјади долари.

Најскапо дело беше сликата на Винсент ван Гог „L’Allee des Alyscamps“, насликата во далечната 1888 година, а продадена по цена од 66 милиони и 300 илјади долари. Сликата е работена во масло на платно направена е во францускиот град Арлес, а содржи мотиви на есен.

Најскапо продадено дело  на познатиот Винсент ван Гог до сега е „Portrait of Dr. Gachet“ 1990 година, продадена за 82,5 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска