Слика на Модиљани продадена на аукција за над 157 милиони долари

Од:

Делото на сликарот Амедео Модиљани, „Nu couche (sur le cote gauche)“ од 1917 година, беше продадено за 157,2 милиона долари на аукција во аукциската куќа Сотби’с во Њујорк.

Со ова, таа се најде на четвртото место на листата најскапо платени уметнички платна на јавно наддавање. И оценките претходно се движеа околу 150 милиони долари.

Сликата, на којашто е претставена провокативно разголена жена, некогаш била забранета во Париз, како непримерна. Во почетокот на 20. век Модиљани го шокираше светот со своите актови од жени во сите можни пози.

„Nu couche (sur le cote gauche)“ е најголемата слика на платно на Италијанецот, којшто починал во 1920 година на 35-годишна возраст. Досегашен сопственик беше ирскиот милијардер Џон Мегниер.

Името на купувачот не е откриено.

На аукцијата беа понудени и 11 платна на Пикасо, како и дела на Клод Моне, Жоан Миро и Едвард Мунк.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска