Слика на Леонардо да Винчи продадена за 450 милиони долари

Од:

Сликата „Спасителот на светот“ („Salvator Mundi”) од Леонардо да Винчи, беше продадена на аукција организирана од њујоршката филијала на лондонската куќа Кристис, за 450,3 милиони долари, со што стана најскапо платената уметничка слика во светот.

Маслото на платно со димензии 65 х 45 сантиметри, го прикажува Исус Христос како држи кристална топка.

На вчерашното наддавање, последното дело на Да Винчи, го надмина претходниот рекордер, Пикасовите „Жени од Алжир”, слика којашто во 2015 година беше продадена за 179,4 милиони долари.

Аукциската куќа ја процени „Спасителот“ на 100 милиони долари. Во 1958 година пак, таа чинеше 45 фунти, но тоа беше пред да биде неспорно призната како дело на Да Винчи (2005).

Наддавањето почна од 70 милиони, и по 53 накачувања на цената, таа достигна 400 милиони, односно 450,3 милиони долари, со сите пропратни трошоци.

Сликата досега му припаѓаше на рускиот милијардер Дмитри Риболовљев, олигарх и сопственик на фудбалскиот клуб Монако. Тој ја купил од швајцарскиот трговец со уметнички дела, Ив Бувие, за 127,5 милиона долари, а тој пак, претходно за неа платил 80 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска